САД укинуваат визи за студенти кои учат на далечина
САД повеќе нема да издаваат визи за странски студенти запишани во образовни институции кои ќе продолжат да предаваат само на далечина во новата учебна 2020 година, поради новиот коронавирус.
Студентите кои веќе се наоѓаат на територијата на САД „мора да ја напуштат земјата или да преземат други мерки, како што се запишување во институција каде што учат и физички одат на часови за да го задржат својот легален статус“, се додава во соопштението на американската имиграциска и царинска полиција.
Кога училиштата избираат таканаречен хибриден модел – предавања во живо и курсеви преку интернет – тие ќе треба да потврдат дека нивните странски студенти навистина се запишани во што е можно повеќе предавања во живо за да го задржат своето право на престој во земјата.
Мерката се однесува на визите Ф1 (за академски курсеви) или М1 (за стручно оспособување).
Американските универзитети, каде има во просек 5,5 проценти странски студенти и зависат многу од нивната школарина, затворени се од март и се префрлија на учење од далечина во обид да ја запрат пандемијата.
Ново на Сител
-
Предложен притвор за осомничен за двојно убиство во Стајковци
-
Мицотакис: Новата Влада да го користи само името Северна Македонија во и вон земјата
-
ИДФ: Во нападот врз Џенин елиминиран „влијателен екстремист“
-
Баку: Франција да престане со неоснованите тврдења против Азербејџан
-
123 санкционирани возачи во Скопје
-
САД: Можни се терористички напади врз претставници на ЛГБТ заедницата ширум светот
-
Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев
-
Сончево и топло, попладне локално дожд и грмежи