Ременски: Не сметав дека треба да добијам дозвола од Заев за да се кандидирам
Во вечерашното гостување во Тема на денот на Сител, кандидатката за лидер на СДСМ Фросина Ременски рече дека немала контакт со Заев затоа што не чувствувала потреба да добие дозвола од него за да се кандидира.
-Јас ниту пред ниту по мојата кандидатура немам комуникација со претседателот Зоран Заев, затоа што самите внатрепартиски избори и самата одлука на Централниот одбор на СДСМ го дава правото на секој кандидат кој ги исполнува условите согласно статутот и правилникот на партијата да поднесе кандидатура и да ја збогати токму таа внатрепартиска демократија. Не сметав дека треба да добијам дозвола доколку имам идеја, капацитет, тим и секако разбирање за потребите на членството, рече Ременски.
Во однос на ставот на Заев дека ја поддржува кандидатурата на Димитар Ковачевски и на неговото присуство на владини средби заедно со Заев, Ременски изјави дека не смета дека е хендикеп и неправилно тоа што тој учествувал на владините средби.
-Секој има право да има фаворит и секој има право да поддржи некого. Она што јас го очекувам е поддршка и поздрав на кандидатурите од Заев за сите кандидати, вклучително за кандидатурата на Јован Деспотовски и за мојата. Само така може да се покаже тој еднаков пристап кон кандидатите кој што треба да трчаат за лидерската позиција. Тврдам дека во социјалдемократскиот сојуз ништо не е јасно во однос на резултатите во внатрепартиските избори, рече Ременски.
Ново на Сител
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата