Протест во косовско Карачево поради влезот на српска патрола на територијата на Косово
Жители од косовското село Карачево и неколку други населени места на границата со Србија, одржаа денеска протест, откако минатиот петок, на 7 август, патрола на српската жандармерија влезе на косовска територија во таа област.
Демонстрантите побараа од косовските власти, но и од меѓународните безбедносни сили, НАТО и КФОР, да ги спречат таквите „инциденти и провокации“ од страна на Србија.
Покрај косовското и американското знаме, тие носеа транспаренти со пораки „Косово нема земја за подарување“, „НАТО/КФОР благодариме за целосната поддршка“, „Србија доста со провокации кон жителите на Република Косово“ и слични.
Селвер Лењани, еден од организаторите на протестот, го повика републичкото Собрание да донесе резолуција за заштита на територијата на Косово, а од надлежните институции побара поголема грижа за населението во тој дел од државата.
Неколкуте десетици учесници на протестот извесно време го блокираа регионалниот пат Карачево – Каменица.
Денеска Комисијата за безбедносни и одбранбени прашања при Собранието на Косово побара мобилизација и единство на сите политички партии во врска со инцидентот и одлучи да се организира заедничка посета на Карачево.
По бурните реакции кои уследија во косовската јавност откако беа објавени снимки на српската патрола во селото, КФОР објави дека се работело за заедничка активност која била усогласена со српската војска.
Ново на Сител
-
Министерката Јаневска ќе се обрати на Самитот Македонија 2025 на панелот посветен на образованието на иднината
-
Повремените врнежи поволни за земјоделството, производителите да преземаат мерки против појава на плевели, болести и штетници
-
Без струја делови од Кисела Вода и Сарај
-
Членовите на АФЕТ ќе гласаат по извештаите за Црна Гора и Молдавија
-
Антетокумпо подготвен да ги напушти Милвоки Бакс
-
Романец ќе го суди финалето помеѓу ПСЖ и Интер
-
Конте: Играме над нашите можности, благодарност на играчите за тоа
-
Рекордна заработка од „Ел класико“