Балкан
8. April 2017 - 21:33

Продолжуваат антивладините протести во Белград

Во Белград денеска шестипат се одржа „Протест против диктатурата“. Протестот на незадоволните граѓани со изборните резултати и ситуацијата во Србија почна пред зградата на Владата на Србија со минута молчење поради загинатиот воен пилот.

На досегашните учесници, студентите и младите лица денеска им се придружија членовите на полицискиот и на воениот синдикат и независниот синдикат на јавни служби. 

Протестот на полицискиот и воен синдикат заврши пред Палата на Србија, а граѓаните протестот го продолжија пред Собранието.

На протестот се вееја знамиња на полицискиот и воениот синдикат, знамиња на Србија и на Белград, како и транспаренти „Против диктатиурата на капиталот“, „Народот гладува, елитата се радува“, „Наши улици наша полиција“, „Не сакаме да бидеме евтина работна сила“ и друго.

Денешниот протест е поддржан од повеќе организации и здруженија.

Организаторите истакнаа дека редари на протестот се професионални припадница на војската и полицијата.