Објавена снимка од давењето на момчето на својата ергенска во Лефкада | ВИДЕО
АНТ1 прикажа потресна снимка од послендите моменти во живот на Стефанис Кемос (30) со потекло од градот Трикале, кој се удави на Лефкада, каде со пријателите ја прославувал ергенската вечер.
На снимката се гледа како момчето се бори со брановите, додека собраните луѓе се обидуваат да го охрабрат да издржи.
Луѓето му викале немој да се заморуваш, обиди се да останеш мирен.
Костас Аврамопулос, откри нови детали: Видов едно момче како трча преплашено, плаче и му вика: не се заморувај, обиди се да останеш мирен, додека тој во во вода се бореше да се спаси.
Според изјавите на сведоците, еден човек се обидел да му пријде на помалку од метар, но големиот бран одеднаш го однел
Во тој момент човекот во водата се уште бил жив и се обидувал да исплива, но безуспешно.
Инаку Стефанос Кемос кој се удави во Картисми, требало да се ожени за 20 дена.
Ново на Сител
-
Хеликоптерите на МВР фрлија повеќе од 30 тони вода на пожарот на планината Плачковица | ВИДЕО
-
Хуманитарната катастрофа во Газа мора веднаш да престане, велат Париз, Лондон и Берлин
-
Најмалку 25 лица загинаа, а 280.000 останаа без покрив над главата од почетокот на обилните дождови на Филипините
-
Министерот Тошковски во посета на џудо тренинг сесија на полициските специјалци во Центарот за обука во Идризово
-
Трамп вели дека договорот со ЕУ има 50 отсто шанси, а договорот со Канада можеби нема да се случи
-
На Табановце се чека 40, а на Богородица 20 минути
-
Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка
-
Две затворски казни од пет години и парична од 300.000 денари за фирма за предизвикан пожар над велешко езеро „Младост“ во август 2019