Loading Video...
Свет
2. October 2023 - 19:48

Приштина: Нападот во Бањска беше дел од план за анексија на северно Косово, Белград демантира

Нападот во селото Бањска беше дел од план на Србија за анексија на сверно Косово изјави косовскиот премиер. 

Врз основа на запланета документација од косовската полиција, потврдено е дека терористичкиот напад бил дел од поголем план за анексија на северно Косово преку координариан напад на 37 различни локации.

Требало да следува формирање  коридор кон Србија, со цел да се овозможи снабдување со оружје и војници, напиша Албин Курти на социјалните мрежи. Според Курти, напаѓачите долго време се подготвувале во воени бази во Србија и дека тоа може да се види од снимките заплените од напагачите.

Српските воени власти ги демантираа  наводите на косовските власти дека Србија со нападот во Бањска подготвувала припојување на северот на Косово и дека обучувала терористи.

Министерот за одбрана  нагласи дека ако нареди претседателот Вучиќ,  војската ке влезе на Косово.

Европската Унија порача дека очекува соработка од Србија во истрагата за нападот во Бањска на 24 септември, а мандатот за оваа истрага и припаѓа на косовската полиција. Во судирите загинаа тројца косовски срби и еден косовски полицаец.