Прилепското обвинителство отвора предмет за оштетената електрична табла до модуларната болница
Основното обвинителство во Прилеп почна со предистражни дејствија за случајот со физички оштетената електрична табла пред прилепската модуларна болница.
Како што информира основниот јавен обвинител Маријана Илиеска, обвинителството реагира по допрен глас, по пишувањето за случајот во медиумите. Ќе издаде наредба и до полицијата.
– Обвинителството ќе отвори предмет. Почнавме предистражни дејствија за да се открие дали има елементи на кривично дело што се гони по службена должност. Ќе се пушти и наредба до полицијата во насока на расветлување на случајот. Се надевам дека и во текот на денот ќе стигне материјал што ќе го испрати полицијата, вели Илиеска.
Според Сања Стаматова, портпарол на СВБР Битола полицијата работи на расфетлувањето на случајот, а до овој момент нема нови детали.
Сѐ уште не се знае кога, кој и како физички ја оштететил таблата што ја напојува со струја модуларната болница. Болничкото обезбедување во саботата попладнето, по силниот ветар, забележало дека вратничката со хебла е отворана. Полицијата ги зела и снимките од безбедносните камери.
Според информациите од прилепската општа болница со проширена надлежност, модуларната болница функционира без проблеми. Сега се хоспитализирани 14 ковид-пациенти, тројца се пуштени на домашно лекување. Дванаесет се на кислородна поддршка, а двајца се во потешка здравствена состојба.
Болницата ги поминала и вонредните инспекциски контроли и не се најдени проблеми со противпожарните апарати, со уредите и со инсталацијата.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување