Преглед на вестите од светот
Со балистички ракети Иран синоќа ги нападна американските воени бази во Катар, а претходно и во Ирак. Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е постигнат договор за „целосен прекин на огнот“ меѓу Израел и Иран. Во објавата Трамп рече дека прекинот на огнот ќе стапи на сила приближно шест часа откако Израел и Иран ќе ги „одбијат“ своите последни напади.
„Под претпоставка дека сè ќе се одвива како што треба, би сакал да им честитам на двете земји, Израел и Иран, за нивната издржливост, храброст и интелигенција во завршувањето на она што треба да се нарече Дванаесетдневна војна“, рече Трамп во објава на социјалните мрежи.
„Ова е војна што можеше да трае со години и да го уништи целиот Блиски Исток, но не се случи и никогаш нема да се случи! Ниту Израел ниту Иран до раните утрински часови денеска, вторник 24 јуни, не ја потврдија веста.
Војната почна со нападот на Израел врз Иран на 13 јуни. Израел тврдеше дека сака да го спречи Техеран да изгради нуклеарна бомба. Иран одговори на нападите, а САД се вмешаа во војната во саботата, со напад на три ирански нуклеарни постројки. Иран инсистира дека ја развива својата нуклеарна програма исклучиво за цивилни цели.
Спасувачките екипи бараат преживеани и ги проценуваат штетите на зградите во Бершеба по иранскиот ракетен напад утрово. Според израелските медиуми една зграда е погодена и три лица се убиени во ракетниот напад.
Повеќе експлозии и активности на воздушната одбрана беа пријавени низ иранскиот главен град во раните утрински часови во вторник, само неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Израел и Иран се согласиле на целосен прекин на огнот за да се стави крај на она што тој го нарече „12-дневна војна“.
Медиумските извештаи потврдија дека Иран ги активирал своите системи за воздушна одбрана во неколку области на главниот град како одговор на она што се чини дека се воздушни закани. Жителите пријавија дека слушнале неколку гласни експлозии во текот на ноќта. Според Трамп, Иран ќе го иницира прекинот на огнот, по што ќе следи Израел 12 часа подоцна, што ќе кулминира со официјална декларација за крај на војната на 24-часовниот рок.
Ирански функционер потврди дека Техеран се согласил на прекин на огнот, но министерот за надворешни работи на земјата рече дека нема да има прекин на непријателствата доколку Израел не ги запре нападите. Но, од Израел нема потврда
Американските напади врз Иран во текот на викендот не го прекршија меѓународното право, изјави шефот на НАТО, Марк Руте, пред самитот на алијансата, додавајќи дека Иран не смее да развива нуклеарно оружје. Руте рече дека членките на НАТО се согласиле да потрошат 5% од нивниот бруто домашен производ (БДП) за одбрана и дека сојузниците ќе инвестираат во уште илјадници тенкови и оклопни возила, како и во системи за воздушна одбрана.
Руте рече дека поддршката на сојузниците за Украина е непоколеблива и постојана и додаде дека сојузниците ќе обезбедат над 35 милијарди евра воена помош за Украина оваа година. Тој додаде дека Русија останува најзначајната и најдиректна закана со која се соочува НАТО и дека реакцијата на алијансата би била „разорна“ доколку Русија одлучи да ги нападне земјите-членки.
Грција ќе испрати повеќе од 170 пожарникари за да ги засили тимовите што се борат со шумските пожари на островот Хиос втор ден по ред, сериозен проблем се ветровите, а има и прекини на електричната енергија и поттикнувајќи евакуација на жителите. Пожарникарите се справуваат со многу активни фронтови и бројката е околу 350 пожарникари и 11 авиони.
Налетите на ветер ги комплицираат напорите за гаснење на шумските пожари, кои уништија шуми и пасишта додека се движат кон север, запад и југ од градот Хиос.
Оваа година во Грција се вработни рекорден број пожарникари - околу 18.000 - во пресрет на предизвикувачка сезона на пожари.
-
Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар