Loading Video...
Свет
26. February 2026 - 12:19

Преглед на вестите од светот

Во руски напад во текот на ноќта врз станбена зграда во Запорожје седум лица се повредени, соопштија властите, а неколку куќи се под урнатини. Екипите за итни случаи им помагаа на жителите, а оштетени беа и неколку автомбили во близина на зградата. Регионот Запорожје, е често мета на напади, а Киев ја обвини Москва за ескалација на нападите врз цивилната инфраструктура во последните недели.

Американските и украинските претставници денеска ќе одржат нова рунда разговори во Женева, објави специјалниот претставник на САД Стив Виткоф.

Виткоф изјави дека ќе биде во Женева со Џаред Кушнер, за разговори со Иран. Планирана е и средба со секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Рустем Умеров.

Украинскиот претседатерл Зеленски потврди дека украинската делегација ќе се сретне со претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп пред трилатералните преговори со Русија, а воедно истакна дека имал и разговор со Трамп.  Виткоф рече дека претходните разговори со Русија и Украина во голема мера го решиле прашањето за безбедносните гаранции за Украина по војната.

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека повеќе од 1.700 Африканци се борат на страната на Русија.Тој информацијата ја објави на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи на Гана, Самуел Окуѕето Аблакава во Киев. 

Според Сибиха на страната на Русија војуваат граѓани од 26 африкански држави. Претставникот на Гана наведе дека африканските граѓани биле вовлечени во војната во Украина со измама односно им била ветувана работа во Русија и оти тие немаат воено искуство, а не биле ни на обука.

Граѓаните на Париз направија пикник во парковите и на бреговите на реката Сена во текот на вчерашниот ден,  а некои уживаа во сладолед бидејќи температурите донесоа рана пролет во главниот град на Франција. Метеоролошката служба Метео Франс прогнозираше максимални 22 степени. Летната епизода доаѓа откако Франција се бореше со речиси 40 последователни дена дожд, што доведе до прелевање на реките на и поплавување на делови од земјата.