-->
-->
Познат идентитетот на загинатиот и возачот на автобусот во трагичната сообраќајка
-->
Пожарникари ги ваделе повредените патници од автобусот со кој македонски туристи се враќале синоќа од Истанбул. Во сообраќајната несреќа едно лице загина на самото место, а 38 се повредени, од кои пет сериозно. Како што пишуваат турските медиуми, еден од патниците бил извлечен од автобусот со две скршени нозе, пренесува Телеграф.
Македонски туристички автобус вчеравечер во 00.30 часот по локално време, на враќање од Истанбул, во градот Текирдаг удрил во камион со приколка кој се движел пред него. Автобусот буквално се забил во камионот, кој го влечел 150 метри, пишуваат турските медиуми.
Повеќе туристи останале заробени во автобусот, поради што пожарникарите морале да интервенираат и да го сечат автобусот за да ги спасат луѓето. Како што пренесуваат турските медиуми, едниот од нив бил извлечен со двете скршени нозе.
На самото место починал еден македонски турист, за кој турските медиуми наведуваат дека е на возраст од околу 40 години, со иницијали Н.Ј.
Останатите 37 патници и возачот З.М. (50) се здобиле со повреди и истите се хоспитализирани во околните болници. Петмина од нив се тешко повредени.
Полицијата работи на утврдување на причините за несреќата. Камионот го управувал 28-годишен турски државјанин кој поминал без повреди. Според турски медиуми, во притвор се наоѓаат возачот на автобусот и возачот на камионот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претрес во Кочани, пронајден пиштол, приведен насилник
-
Македонија се задолжува 50 милиони евра
-
Џафери: Арсовска да ја искоси тревата во дворот на Владата
-
Џафери за бојкотот на претседателските избори: Груби не е влада, ниту партија
-
Зеленски и ја честита победата на Сиљановска-Давкова
-
Сплит: Вработена му помогнала на муштерија да хакира машина за игри на среќа
-
Повлечени 104.000 пакувања леб во Јапонија откако во две биле пронајдени траги од глувци
-
Земјотрес во Србија