ОН: Повеќе од 200 Палестинци и речиси 30 Израелци загинаа оваа година
Во израелско-палестинскиот конфликт годинава загинаа повеќе од 200 Палестинци и речиси 30 Израелци, што е повеќе отколку во цела 2022 година и најмногу од 2005 година, изјави претставникот на ОН, Тор Венесланд.
Венесланд синоќа во Советот за безбедност на ОН оцени дека зголемувањето на насилството го поттикнува растечкиот очај кај Палестинците кои продолжуваат да се залагаат за формирање независна држава.
Тој рече дека нема напредок кон „политички хоризонт“ и дека клучните прашања од конфликтот биле запоставени, создавајќи опасен и нестабилен вакуум исполнет со екстремисти од двете страни.
Претставникот изјави дека не престануваат проширувањето на еврејските населби, кои се незаконски според меѓународното право и „суштинска пречка за мирот“, како и израелското уривање на палестинските куќи, операциите на Западниот брег под палестинска административна и полициска контрола и нападите од еврејски доселениците, како и „активноста на палестинските екстремисти“.
Венесланд апелираше за смирување на ситуацијата на терен и справување со најкритичните прашања и потребата од „обновување на политичкиот хоризонт“.
Амбасадорката на САД во ОН Линда Томас-Гринфилд, која претседаваше со состанокот, го осуди насилството од двете страни и повика на итни чекори за деескалација.
Ново на Сител
-
Групна тепачка во Батинци, учествувале 11 лица, употребени и остри предмети
-
ЦУК: Вкупно 12 пожари на отворен простор, два активни, еден под контрола и девет изгаснати
-
Пожарот кај Вардариште ставен под контрола, постепено се вклучува струја во Аеродром и Ново Лисиче
-
Телефонската линија 192 повторно е во функција
-
Четири лица, меѓу кои две малолетни тешко повредени откако се преврте автомобил на автопат
-
Папата повика на прекин на огнот во Украина: „Оружјето мора да замолчи“
-
СВР Скопје: Поради технички причини не е во функција телефонскиот број 192
-
Поради пожар на Вардариште без струја Аеродром и Лисиче