Подвижен музички театар-Битола вечер гостува на фестивал во Лајпциг

Подвижен музички театар-Битола (Moving Music Theatre) вечер ќе настапи на престижниот фестивал Евросцена што се одржува во германскиот град Лајпциг.
Основачот на Подвижен музички театар, битолчанецот Марјан Неќак, во изјава за МИА потврди дека вечер и утревечер на еден од најрелевантните фестивали во Германија ќе биде изведена монооперата „Дневникот на лудиот“.
-По успешните настапи на фестивалите МОТ во Скопје, Борштникови средби во Марибор, како и на интернационален фестивал во Риека, вечер и утревечер нашата моноопера „Дневникот на лудиот“ ќе ја презентираме пред публиката во Лајпциг. Поканата за учество на Евросцена во овој град за нас значи големо признание бидејќи на овој културен настан вообичаено присуствуваат и партиципираат над 200 продуценти и театарски работници, изјави Неќак.
Во монооперата „Дневникот на лудиот“ настапува актерот Озрен Грабариќ, а по завршувањето на настапите во Лајпциг, Подвижен музички театар-Битола ќе се подготвува за гостување во шведскиот град Гетеборг, каде што во текот на февруари 2020 година ќе се одржува фестивалот за нова опера.
Ново на Сител
-

Еден од пет луѓе во земјава користи ВИ алатки, во ЕУ речиси секој трет
-

Средба на Комисијата за образование, наука и спорт со министерката Јаневска и експертите на Стратегијата за образование 2026 - 2032
-

Во Собранието јавна расправа за заштитата на младите од штетните влијанија и последиците од пушењето
-

Надградена ИТ алатката за следење на примената на Стратегијата за реформата на администрацијата
-

Украински напад со дрон врз танкер усмрти неколку лица во јужна Русија
-

Американската војска убила четири лица во уште еден напад врз сомнителен брод со дрога во Пацификот
-

Променливо облачно време
-

Магла на патот Неготино - Демир Капија
