Еден од пет луѓе во земјава користи ВИ алатки, во ЕУ речиси секој трет

Во земјава еден од петмина (22%) на возраст од 16 до 74 години, годинава користел алатки за генеративна вештачка интелигенција (ВИ). Повеќето ги користеле за лични цели (15,76%), додека 8,55% ги користеле за работа. Речиси еден од десет (9,4%) ја користеле за формално образование.
На ниво на ЕУ речиси една третина (32,7%) од луѓето на возраст од 16 до 74 години во ЕУ годинава користеле ВИ алатки. Повеќето ги користеле за лични цели (25,1%), додека 15,1% ги користеле за работа, а 9,4% за формално образование, покажуваат податоците за употребата на ИКТ во домаќинствата и од страна на поединци објавени од Евростат.
Како најчеста причина зошто не користеле ВИ алатки 43% од граѓаните на Северна Македонија рекле дека немале потреба, 11% зошто не знаеле како да ги користат, додека 2% поради загриженост за приватноста и безбедноста.
Во Европа лидер во користење на ВИ алатки е Норвешка (56,32%), а најмалку 17,19% ја користеле граѓаните во Турција.
Од земјите во регионот најмногу алатки за генеративна вештачка интелигенција рекле дека користат граѓаните на Грција (44,09%) и Словенија (37,56%). Потоа следи Хрватска (27,52%), Бугарија (22,5%) и Македонија (22,03%). Најмалку ВИ алатки користат граѓаните на Србија (18,64%) и Босна и Херцеговина (20,26%).
На ниво на ЕУ, употребата на алатки за генеративна ВИ најраспространета е во Данска (48,4%), Естонија (46,6%) и Малта (46,5%). Спротивно на тоа, најмал удел на луѓе кои користат алатки за генеративна ВИ е забележан во Романија (17,8%) и Италија (19,9%).

Во ЕУ, 94% од поединците користеле интернет во последните три месеци во 2025 година, додека четири проценти ја поминале целата година без да користат интернет.
За поврзување на интеренет, мобилни уреди користеле речиси 9 од 10 лица во ЕУ, додека 74% од поединците нарачале или купиле услуги или стоки преку интернет.
Во земјава лани 91 процент од домаќинствата имале пристап до интернет, што е значителен раст споредено со 2015, кога тој број изнесувал 69%. Околу 6,86 проценти од граѓаните ја поминале целата година без да користат интернет.
За поврзување на интренет најголем дел луѓето користеле мобилен уред (91,5%), околу 20% десктоп компјутер, 35% лаптоп и 9% таблет.
Најчесто или 86 проценти од луѓето во земјава интернет користеле за телефонирање или видео разговори, 78 проценти за пристап до социјални медиуми и 41% за испраќање и примање електронска пошта. Околу 42% од граѓаните нарачале или купиле услуги или стоки преку интернет лани, што е двојни повеќе споредено со 2020 кога тоа го направиле 21 процент.
МИА
Ново на Сител
-

Гренланд ја отфрли идејата на Трамп за испраќање медицински брод
-

ЕУ не ги прифаќа новите царини на Трамп, бара од Вашингтон да го почитува трговскиот договор
-

Како со децата со атипичен развој | Огњен Самарџиќ и Добрина Костовска | Sitel Podcast 139
-

Кривична пријава против четири лица за измами со лажни сообраќајки тешки 3,7 милиони денари
-

Стружанка почина откако во неа удрило товарно возило
-

Виткоф: Преговорите за мировниот план за Украина би можеле да се одржат во рок од три недели
-

Возел со 203 километри на час наместо максимално дозволени 120, лишен од слобода возач на автопатот Неготино - Стоби
-

Германија планира да ја забрза интеграцијата на барателите на азил на пазарот на трудот
