Изгласан Законот за средно полициско училиште

Собранието вечерва на продолжение на 67. седница го донесе Законот за средно полициско училиште. За законот што беше усвоен со Бадентерово мнозинство, расправата беше завршена претходно. Со него се воспоставува правна рамка за основање и функционирање на средно полициско училиште во кое ќе се образуваат идните полициски службеници.
Во образложението на Законот е наведено дека се предвидува ова средно образование да функционира во рамки на сегашниот Центар за обука во Идризово, односно согласно новиот Закон за внатрешни работи – Полициска академија. Ќе биде во времетраење од две учебни години, односно трета и четврта година средно образование, така што секој кандидат/ученик по завршување на прва и втора година средно училиште, на објавен конкурс може да се пријави и доколку ги исполнува предвидените услови, своето образование да го продолжи во средно полициско училиште.
Согласно потребите на Министерството за внатрешни работи ќе може паралелно да се спроведува и досегашната основна обука за полицаец во времетраење од една година.
- Анализите од досегашната пракса и искуства од земјите во кои се спроведува средното полициско образование (Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Чешката Република и други), укажуваат на тоа дека со ваков вид на образование иако се произведува помала бројка на кадар, со него се оди на постигнување квалитет. Самото образование како подолготрајно дава поголеми резултати. Дополнително на ова е и фактот што кандидатите за средно полициско училиште се запишуваат на 15/16-та годишна возраст, наспроти сегашната основна полициска обука со 18 до 25-годишна возраст, се вели во образложението.
Последната генерација во Средното полициско училиште заврши во 2000-та година, а со примената на ова законско решение ќе се продолжи со 25-та генерација ученици.
МИА
Ново на Сител
-

Поради маглата на скопскиот аеродром откажани 20 лета, два пренасочени, слетале 13 авиони, исто толку полетале
-

Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово
-

Руте: Путин е главната пречка за мирот во Украина
-

Без вода утре ул. „Драгиша Мишовиќ“ во Карпош
-

Почна зимата
-

Поради намалена видливост откажани се 20 летови на скопскиот аеродром, слетале само авионите од Дортмунд и од Виена
-

Песков: Не е планиран телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, ќе го организираме по потреба
-

Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка на патот Белград – Ниш
