Почина Ивица Цековски, извршен директор на Здружението ХОПС
Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, со жалење соопшти дека починал Ивица Цековски, извршен директор на здружението, активист и едукатор.
„Почитувани колеги, колешки, пријатели, соработници на ХОПС,
Со најдлабоко жалење Ве известуваме дека почина нашиот почитуван колега Ивица Цековски, Извршен директор на Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје. Неговото заминување беше ненадејно, неочекувано и нѐ остави во неверување и длабока тага.
Ивица Цековски имаше кратка, но плодна кариера. Роден на 28 август 1985 година во Крива Паланка, каде што го поминал своето детство и каде што го завршил основното образование. Средно училиште завршил во СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“ во Скопје, а додипломските студии по медицина ги завршил на Медицинскиот факултет, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Со диплома магистер на науки по јавно здравство се стекнал на меѓународните студии предводени од „Институтот за меѓународно здравје и развој“, на Универзитетот „Кралицата Маргарет во Единбург, во Обединетото кралство (Institute for International Health and Development, Queen Margaret University – Edinburgh, UK) и од Кралскиот тропски институт, на Универзитетот во Амстердам, Холандија (Royal Tropical Institute, VU University Amsterdam, The Netherlands).
Својот професионален развој го почнува уште во текот на средното образование, како активист и обучувач во здружението Х.Е.Р.А., во Скопје, каде што членува од 2002 до 2008 година. Во истиот период работи и на проекти на ОБСЕ и на УНФПА. Особено се истакнува како младински едукатор и претставник во повеќе национални и меѓународни младински мрежи.
Од 2012 година имавме чест и задоволство со своето знаење и искуство да ја збогати работата на ХОПС. Во ХОПС работеше на повеќе работни места: лекар, истражувач, во застапување, во односи со јавност, и секаде и во сѐ даваше сестран придонес.
Од јуни 2019 година Ивица Цековски беше извршен директор на ХОПС и сесрдно се посвети на своите задачи и предизвици, докажувајќи се со својата младост и со своето знаење. И ова беше неговото последно работно место во ХОПС, ама ние ќе го памтиме по сѐ она со што ги исполни нашите животи.
Збогум, Ивица, почивај во мир, ние ќе те памтиме по добро и ќе го правиме тоа што го правеше ти за нас!“
Ново на Сител
-
Земјотрес во Србија
-
Најмногу дожд на Попова Шапка во изминатите 24 часа
-
Герасимовски: Лицата со попреченост ќе може да користат бесплатен превоз до болница, издвоивме 500.000 денатри за оваа намена
-
Најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер
-
Избрани останатите 10 финалисти на Евровизија
-
Реал и Борусија ќе добијат по 25.000 влезници за финалето на Вембли
-
Албанија и Србија со кандидатура за заеднички домаќин на Европското првенство за млади во 2027
-
Ѓорческа ја елиминира првата носителка на фјучерсот во Трнава