Павиќевиќ: Единствената константна во Македонија е неквалитетот во образованието
Додека образовните програми редовно се менуваат, единствената константа е неквалитетот на образованието, вели за #Детектор Претседателот на Сојузот на средношколци на Македонија.
„Јас би кажал дека ако реформите во нашиот образовен систем се некоја целовремена иновација и дека постојано се најавуваат нови реформи последните триесетина години, единствено нешто што е континуитет е неквалитеот. Конкретно, ако зборуваме за учебниците, јас кога бев во основно имаше некои учебници каде што пишува со некакви графички описи дали луѓето од бела раса биле влакнести по кожата, луѓето од црна раса не биле, па се дефинираа луѓе од жолта раса. Сега добивме учебници каде што Бугарија е наш западен сосед, а Албанија наш источен сосед“ – вели Павиќевиќ за Детектор
Тој додава дека учениците можат да се снајдат и без учебници, но кога ги имаат учебниците, тогаш и квалитетот на знаење е поголем.
Ново на Сител
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба