Партиите се подготвуваат за локалните избори, Мицкоски и Филипче убедени во победа
Во следните 10тина дена ќе бидат познати најголемиот дел од кандидатите со кои партиите ќе ја бараат довербата на локалните избори. И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ најавуваат состаноци на највисоките партиски органи до крајот на месецот. Но лидерите и на двете партии се убедени во победа.
Мицкоски кој вчера најави структурни промени во партијата, денеска вели дека сите анкети кои ги добива прогнозираат убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ и бришење на СДСМ од картата на општините.
Јас очекувам врз бројките на коишто ги добивам убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата којашто ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. На настанот вчера јасен бев и и прецизен можеби онаму кадешто е конкурентен СДСМ се 2 до 3 максимум 4 општини. Да бидам искрен ако вака продолжат не одговорно да се однесуваат можеби и да немаат освоено општина на следните локални избори. Гледам и тие малкумина коишто ги подржуваат играат на картата на кратко помнење на граѓаните и нормално нехилистичка политика, се што прави оваа Влада не чини, па не може се што прави оваа Влада да не чини, вели Мицкоски.
Власта не е свесна за револтот кај граѓаните кои ќе искажат токму на изборите на есен, му возврати Филипче.
Чаурата на власта каде се наоѓа, е сѐ потесна. Не се свесни за револтот и гневот кој луѓето го чувствуваат. Заради платите, трошоците, притисокот кој го прават на фирмите, немањето на поврат на ДДВ, револтот кој се излива на улиците по трагедијата во Кочани каде загинаа 62 деца. Никој не ги примил и сослушал родителите кои имаат што да кажат и побараат. Каков ќе биде резултат на локалните избори, може да кажат граѓаните. Дали сакаат да живеат во ваква, на периферија во Европа, задолжена до гуша, со камати или проспритетна и европска“, рече Филипче.
СДСМ веќе го доби првиот сојузник на изборите, НСДП како традиционален долгогодишен партнер и овие избори останува дел од нивната коалиција по вчершната седница на Централниот одбор. Промени не се очекуваат ниту во колацијата од 24 партии која во моментов ја предводи ВМРО-ДПМНЕ.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар