Османи оптимист дека е можен компромис за законот за јавно обвинителство
Јас сум оптимист дека ќе се најде компромис за законот за јавно обвинителство и ќе се донесе со консензус помеѓу сите политички партии. Мислам дека разликите меѓу главните политички партии од македонскиот блок не се ненадминливи, вели вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Тој додава дека е потребна сериозна политичка волја и седнување на маса со цел да се надминат тие разлики.
-Сè што е во рамки на црвените линии коишто и ЕУ ги поставува, меѓутоа и ние како Влада, а тоа е дека треба да има институција која се справува со криминал на високо ниво и дека сите случаи, дали од прислушувањата, дали надвор од прислушувањата, за коишто има индиции, треба да се расветлат во една судска процедура. Сè во рамки на овие граници мислам дека има простор за компромис и јас сум оптимист дека ќе се најде компромис за законот за јавно обвинителство и ќе се донесе со консензус помеѓу сите политички партии, вели Османи.
Во врска со случајот Рекет вицепремиерот посочува дека тој е е лакмус-тест пред големата октомвриска одлука на Советот на ЕУ, за, како што вели, да се испита, на некој начин, дали институциите созреале со реформите што се направени во изминатиот период.
– Така што, мојот став е дека оваа кризна ситуација може да ја претвориме во можност, доколку институциите одговорат сериозно и на ефикасен, транспарентен и непристрасен начин го расветлат целиот случај до крај, независно какви политички импликации може да има. Значи, ќе го повторам ставот дека криминалци и криминал има секаде. Разликата меѓу државите е во тоа дали имате институции коишто знаат да се справат на непристрасен случај, истакнува Османи.
Ново на Сител
-
Прилеп оддаде почит на револуционерите по повод 23 Октомври
-
Ѓорѓиевски: Не смееме да дозволиме поради нефункционалноста на ЈП „Комунална хигиена“ да се загрози здравјето на нашиот народ
-
Лишени од слобода 11 лица за лихварство и перење пари, по едно лице се уште се трага
-
Во недела завршува летното сметање на времето – стрелките се враќаат еден час наназад
-
Рубио: Израелските планови за анексија на Западниот Брег го загрозуваат примирјето во Газа
-
Гаши: 23 Октомври е потсетник на стремежот за правата, еднаквоста и општествената организираност
-
Сиљановска-Давкова: Да го продолжиме револуционерен пат со ум, знаење и реформи
-
Николоски: Потпишавме меѓудржавен Договор за авиосообраќај, создаваме услови за нови линии и бројни туристи од Велика Британија