-->
-->
Од денеска откуп на земјиштето под оранжерии
-->
Сопствениците на оранжерии и други објекти за производство од денеска можат да почнат со подготвување документација за откуп на земјоделското земјиште.
Ова е предвидено со измените и дополнувањата на Законот за продажба на државното земјоделско земјиште што и официјално стапија во сила.
Според измените, во наредните 60 дена сопствениците на оранжерии и други стопански и објекти за примарно земјоделско земјиште треба да подготват елаборати за пренамена на статусот на земјиштето и да ги достават до подрачните единици на Министерството за земјоделство. Со тоа, ќе ги исполнат условите најмалку еднаш, а најмногу три пати да се јават на еден од јавните повици годишно кои ќе ги објави Министерството за земјоделство.
Јавниот повик за откуп на земјиштето ќе биде распишан по два мнесеца, односно по истекот на претстојните 60 дена. Апликантите, освен што ќе можат да склучат договор со министерот за земјоделство за откуп, ќе можат да бидат и корисници на сите поволности кои ги нуди Владата за развој на компаниите и усовршување и зголемување на производството преку Програмата за развој на земјоделското производство и рурален развој, Национлната програма за развој и рурален развој, ИПАРД фондовите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Словенечки пожарникари и специјализирана опрема пристигнуваат во Берово
-
Без струја корисници на улиците „Иван Цанкар“, „Франц Прешерн“ и „Вангел Дину“ во Карпош
-
Во Нови Сад прифатена иницијатива за споменик на жртвите од падот на бетонската настрешница
-
Посвежо време со локални врнежи и максимална температура до 35 степени
-
Ен-Би-СИ: Жештината е тивок убиец, поголем од поплавите, ураганите, торнадата
-
Трамп го отфрли тврдењето на Нетанјаху дека нема глад во Газа
-
Уапсен србин кај Ѓавато, не застанал на знак на полицијата, па потоа го оставил автомобилот и пробал да побегне
-
ЦУК: 20 пожари на отворен простор, десет активни, пет ставени под контрола и пет изгаснати