Бизнис
10. May 2017 - 19:42
Наредната недела ќе се објави нов оглас за ангажирење странски експерти во домашни фирми
Нов оглас за ангажирање странски експерт во домашни фирми ќе излезе следната недела. Компаниите ќе може да побараат стручен консултант кој ќе им помогне да го унапредат работењето во специфична сфера, зависно од нивните потреби, како што се производството, маркетингот, извозот.
Груевски потенцираше дека досега над 100 македонски фирми ја искористиле мерката.
Според досегашните огласи, речиси целиот трошок за ангажманот на експерот, како што се дневниците и патните трошоци ги плаќа државата, додека компаниите треба да го покријат сместувањето.
Најголем дел од досегашните корисници се од производството на добра за широка потрошувачка, а потоа услужната дејност и технолошкиот сектор.
-
Филип Момировски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->