Бизнис
31. March 2017 - 20:44

Експерти: Субвенциите се од големо значење за македонското земјоделство

Субвенциите во земјоделството последните 10 години значително учествуваат во приходот на фармерите и придонесоа за порастот на производство, велат експертите од областа.

Професорот Владо Џабирски од Земјоделскиот факултет потенцира дека економските пресметки од државниот завод за статистика укажуваат на зголемување на земјоделското производство за 10 отсто, на што влијание имаат политиките на директни плаќања во кои спаѓаат субвенциите и мерките кои се применуваат во руралниот развој.

Деканот на Земјоделскиот факултет Драги Димитриевски смета дека по обем и струкутура која е соодветна на политиките на Европската унија, земјодеслките субвенции се сериозна поддршка на животниот стандард на земјоделците, како и начин да се зачува производстовто во одредени земјоделски гранки.

Од ресорното министерство потенцираат дека по петмесечното доцнење заради изборните процедури, во наредниот период ќе бидат исплатени околу 100 милиони евра.

Парите, согласно законот, треба да се исплатат на сметките на земјоделците до крајот на јуни.