Средба на министерот Кучи со хрватската амбасадорка Баришиќ
Добрата економска соработка меѓу Хрватска и Македонија треба да се искористи за продлабочување на економските односи и иницирање нови заеднички проекти, беше порачано на денешната средба во Скопје меѓу министерот за економија Дритон Кучи и хрватската амбасадорка во Македонија, Данијела Баришиќ.
Хрватска е мошне важен трговски партнер за земјава и во 2015 година се наоѓа на 15-то, а за периодот јануари – мај 2016 е на 14-то место на листата на земји со кои Република Македонија остварува најголем обем на трговска размена.
Амбасадорката Баришиќ на министерот Кучи му врачи покана од неговиот хрватски колега Томислав Панениќ за претстојниот Самит на иницијативата на лидерите од Јадранското, Балтичкото и Црното Море, што ќе се одржи на 25 и 26 август во Дубровник, а на кој се поканети премиери и министри од 20 земји.
За министрите за економија заедничка тема на овој Самит ќе биде енергетиката, а целта на Самитот е отворање нови можности за трансатланска сорабока и реализација на стратегијата за пристапување кон ЕУ.
Ново на Сител
-
Чествување на Денот на македонскиот јазик и 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик
-
За денеска се очекува средба Мицкоски-Таравари, тема функционирањето на Алијанса за Албанците во Владата
-
Трамп повторно го отвора озогласениот затвор Алкатраз
-
Зеленски: Поединци го блокираат пристапот на Украина кон ЕУ за да добијат место на Црвениот плоштад
-
Штрајк на вработените во судството во Србија
-
Претпладне сончево и топло, попладне краткотраен дожд и ретки грмежи
-
Претседателот на Малдивите светски рекордер - држеше 14 часа 54 минути прес конференција
-
33-годишен мотоциклист загина во сообраќајка на патот Дебар - Струга