О Нил: Секое име диктирано од Грција ќе го уништи идентитетот на македонскиот народ
Македонија треба да одбие каков било притисок за промена на името. Според меѓународното право, таа има право да го користи името што самата го избрала. Ако одредени лица во Македонија сега се залагаат за промена на името, кое име тие сакаат Македонија да го користи? Име избрано од Грција? Секое име диктирано од Грција ќе го уништи идентитетот на македонската нација и народ. Дали тоа го сака било кој Македонец, порачува британскиот амасадор и поранешен медијатор во грчко-македонскиот спор Робин О Нил.
Првиот посредник во спорот за името во интервју за Програмата „Гласот на народот“ на ТВ Сонце вели дека негов совет до Владата на Република Македонија е ист како изминатиот период, а тоа значи дека смета оти сега Македонија треба да се обрати до Обединетите нации за да ѝ се признае уставното име, и веќе да биде надвор од секакво прашање или спор. Тогаш, вели, ќе биде многу тешко за било која членка на Европската унија да тврди дека името треба да се менува.
- Се восхитувам на силата со која Владата на Македонија во последниве години продолжува да вели дека нема да го промени името, туку едноставно ќе го прави она што никогаш нема да го реши проблемот. Грција е среќна да го остави ова прашање неразрешено за навек, при што Македонија ќе биде исклучена од местото што ѝ припаѓа во Европа, затоа што знае дека единственото решение за прашањето со името на крајот ќе биде тоа што светот во целост ќе се согласи дека Македонија е Македонија, истакнува О Нил.
Ново на Сител
-
Попладне краткотраен дожд, температура до 29 степени
-
Приведен албански државјанин за нелегално пренесување добиток
-
Дебранец лишен од слобода поради поседување оружје и муниција
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека и по еден час
-
Лишен од слобода полициски службеник во Струмица поради предизвикување општа опасност
-
Приведени двајца возачи во Тетовско за пребрзо возење
-
Змија на тераса во Карпош | ФОТО
-
Честитка од министерот за јавна администрација по повод Меѓународниот ден на трудот