Обама: Путин се обидува да го поткопа единството на Европа
Американскиот претседател Барак Обама оцени денеска дека неговиот руски колега Владимир Путин се обидува да го поткопа единството на Европа, на кое гледа како на закана.
Обама, во интервју за телевизијата Си-Би-Ес изјави дека според мислењето на САД проблем станува мигрантската криза во Европа. Според него мигрантската криза врши притисок на политиката во Европа, го поттикнува ултрадесничарскиот национализам и го охрабрува распадот на Унијата, што потоа го користат луѓето како што е Путин.
- Путин гледа на НАТО, ЕУ и трансатлантското единство како на закана, наведе Обама. Мислам дека греши. Му укажав дека, напротив, силна, обединета Европа која соработува со силна и отворена Русија е добар рецепт, но Путин се уште не е сосема убеден во тоа, изјави американскиот претседател на крајот на турнејата во Блискиот Исток и Европа.
За време на посетите на земјите од ЕУ, Обама ги повика европските лидери да покажат повеќе единство во соочувањето со економската криза, заканата од исламскиот тероризам и огромниот прилив на мигранти од Блискиот Исток и од други подрачја.
Тој исто така ја повика Велика Британија да не гласа за излегување од ЕУ на референдумот во јуни.
Ново на Сител
-
СДСМ: Загрижува омразата на Мицкоски
-
Зеленски: САД пренасочија 20.000 ракети ветени за Украина кон Блискиот Исток
-
Фицо: Словачка ќе го блокира секој обид за воведување санкции од ЕУ кон Русија
-
Им подавам рака на младите, Македонија има потреба од нивниот ум за да стане подобра држава, порача Мицкоски
-
Литванскиот претседател со критики за германскиот канцелар за неактивност кон Русија
-
Американски медиуми: Припадници на гардата почнаа да пристигнуваат во Лос Анџелес
-
Министерот Муцунски утре во работна посета на Казхстан
-
Првата македонска фудбалска лига се намалува на 10 екипи