Македонија
24. November 2025 - 16:36

20-месечно дете од Прилеп починало во кичевската болница

Дете на 20 - месечна возраст од Прилеп синоќа починало во кичевската болница. Мајката и вујкото во лоша здравствена состојба прво го однеле во Брзата помош од каде итно го префрлиле на детскиот оддел во болницата. И покрај пружената помош од дежурниот тим и обидите да го реанимираат тоа починало кратко по приемот.

- Во текот на вчерашниот дена во нашата установа донесено е дете преку Брза помош транспортирано до одделението за детски болести во многу лоша состојба, во агонија, во предтерминален стадиум. Дадена е терапија направено е се што може да се направи, направена е реанимација на детенцето, меѓутоа констатирана е смрт од страна на дежурниот лекар на детското одделение, изјави д-р Маја Цветановска Трајкоска, директор на ЈЗУ Општа болница – Кичево.

Од болницата веднаш пријавиле во обвинителството и полиција, а го информирале и министерството за здравство. Телото на детето е предадено на обдукција за да се утврди точната причина за смртта. 

- Крајната дијагноза не може да претпостави, но дежурниот лекар се сомнева во амсивна бронхопневмонија, нетретирана заради необратено внимание од страна на семејството. Детето е од Прилеп , не носеле никакви документи кои можат да посведочат за претходни заболувања и третирања. Мајката во моментот се наоѓала во Кичево и затоа се јавиле во бразта помош тука, инаку е од Прилеп, рече директорката д-р Цветановска Трајкоска.

Министерот за здравство Азир Алиу најави дека ќе побара ДСЗИ да направи вонреден инспекциски надзор во кичевската болница за да утврдат каде и како било лекувано детето пред да почине.