Македонија
18. November 2025 - 12:26
Стопанска комора: По примерот на дуалното образование да се реформира и високото
Алармот е вклучен, дојдено е време да се стави крај на понатамошното фабрикување на дипломи намессто фабрикување на квалитет порачаа од Стопанската комора. Извршниот директор смета дека по примерот на дуалното образование за средношколците потребни се реформи и во високото образование.
Во дигиталната ера стопанството бара брзи текови и образование кое ќе понуди конкурентна и соодветна работна сила. Министерката за образование вели стручното образование во Македонија станува една од најсилните алки, од една генерација ученици 70 отсто се одлучуваат за стручно образование.
Драфт верзиите за законот за квалитет во високото образование се готови и до крајот на месецот ќе бидат предмет на стручна расправа.
-->
-->
