Loading Video...
Свет
11. November 2025 - 16:38

Преглед на вестите од светот

Трамп со ултиматум до БИБИСИ- исправете ги грешките во спорниот документарец за мене официјално извинување и соодветна компензација за нанесената штета. Рокот за исполнување на барањата е петок до 17 часот по источно американско време, во спротивно ќе се соочи со судката постапка за штета од една милирајда долари се закани американскиот претседател. Британскиот јавен радиодифузен сервис призна дека во документарната емисија наречена Трамп, втора шанса направил грешка околу уредувањето на неговиот говор од 6 јанаури 2021 година, а според адвокатите на Трамп тоа создало впечаток дека тој повикувал свои поддржувачи да упаднат во Капитол. Документарецот беше емитуван неколклу дена пред претседателксте избори во САД во 2024 година. Поради скандалот генералниот директор на БИБИСИ Тим Дејви и извршната директорка на вести Дебора Тарнес со поднесоа оставки. 

„Ние сме единствена и драгоцена организација. И го гледам слободниот печат и го гледам притисокот. Ја гледам употребата на оружје. Мислам дека мора да се бориме за нашето новинарство. Навистина сум горд на нашата работа и неверојатната работа што ја работиме локално, глобално, е апсолутно драгоцена. Направивме некои грешки што нè чинеа, но треба да се бориме за тоа. 

Портпаролот на бритаскиот премиер Ким Стармер изјави дека иако биле направени грешки, владата сепак го поддржува БИБИСИ. 

Во самоубиствен бомбашки напад во главниот град на Пакистан, Исламабад, загинаа 12 лица, а најмалку 27 се повредени. Напаѓачот се разнел пред окружниот суд во близина на полициско возило. 

„На снимката од безбедносните камери, напаѓачот е виден како стои спроти зградата, барајќи начин да влезе. Бидејќи се воспоставени безбедносни проверки за секој што влегува во судот, тој не можеше да влезе и наместо тоа целеше полициско возило. Наш приоритет сега е да го идентификуваме и ве уверувам дека ќе го сториме тоа во наредните часови, изјави министерот за внатрешни работи на Пакистан. 

Жртвите биле претежно минувачи или лица кои дошле на судски рочишта. Во тек е истрага за инцидентот кој се случи денеска околу пладне. Ниту една група досега не ја презеде одговорноста за нападот во Исламабад.