Се поскапо седнувањето во ресторани
Се поскапо седнувањето во ресторани и кафеаните. Ако порано почесто се седнуваше на ручек, со последните поскапувања тоа станува луксуз. Цените на угостителските услуги во октомври, во однос на истиот месец од претходната година, сe зголемени за 3,9 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Добрите познавачи од областа на туризмот сметаат дека не смее драстично да се зголемуваат цените бидејќи тоа се одразува негативно врз бројот на посетители.
Позитивно е тоа што за разлика од минатото сега имаме продолжување на сезоната во главниот туристички центар, но неопходно е формирање на локални, регионални и национална туристичка организација.
Инаку кумулативно, во периодот јануари–октомври 2025 според Државниот завод за статистика цените се повисоки за 5,1% во споредба со истиот период од 2024 година.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
