Директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството осомничен за примање поткуп од 50 илјади евра
50 илјади евра е сумата која за себе сакал да ја земе актуелниот директор на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството Илија Стоилев за да замижи и стави потпис на нецелосен проект од ИПАРД програмата. Парите му ги ветил поранешниот министер за локална самоуправа и правда, Џевдет Насуфи кој сега е сопственик на агро фирма во Струга. Тој, цели десет месеци го убедувал директорот на агенцијата да ги земе парите, а првата рата од поткупот, ја исплатил вчера.
За да се охрабри и го земе поткупот, Стоилев го убедувале уште три лица, даночен референт вработен во скопската дирекција на УЈП и државен службеник од министерството за земјоделие кои исто така се приведени. Договорот бил постигнат, па проектот за ИПАРД ја добил и поддршката од првиот човек на агенцијата..
,,Иако правното лице на првоосомничениот не ги исполнувало условите предвидени во Јавниот повик за користење на средства од ИПАРД Програмата, директорот по применото ветување за подарок од значителна вредност во износ од 50 000 евра, во текот на вчерашниот ден потпишал договор за користење на финансиски средства со правното лице и притоа примил дел од паричните средства во износ од 400 евра кои при претрес се пронајдени и одземени'', се вели во соопштението на обвинителството.
Премиерот Мицкоски вели дека апсењето на директорот на агенцијата и остатантите осомничени е резултат на дојава и како што рече, нема да се толерира такво девијантно однесување.
Според опозициската СДСМ, случајот ја покажувал корупцијата во земјоделието.
На Стоилев, Насуфи и уште двајца од осоомничените судот им одреди 30 дневен притвор, додека за петоосомнчената, по предлог на обвинителството, одреден е куќен притвор.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
