Последни заклучоци пред новата стратегија за образование да биде спакувана во финален документ
Се креираат последните заклучоци пред Новата стратегија за образование да биде спакувана во финален документ. Властите очекуваат со нејзината имплементација, да се подобрат лошите резултати кои учениците ги имаат на ПИСА и ТИМСС, а можеби и враќање на некој факултет на Шангајска листа.
„Започнавме реформски процеси во сите образовни сегменти, одеднаш и паралелно, бидејќи застојот беше очигледен. Тоа ни го потврдуваат ПИСА и ТИМСС, ни го потврдува Шангајската ранг-листа, извештаите на Европската комисија и други релевантни анализи. Веќе година и половина, со силен ентузијазам, спроведуваме програмски определби кои ги даваат првите резултати“, Весна Јаневска, министерка за образование и наука.
Учениците завршуваат образование без да ја имаат основата на образованието, предупреди и Милер од УНИЦЕФ - организација која е важен партнер за Стратегијата. Поентираше дека е важно децата да учат за вештачка интелигенција, но откако прво ќе имаат цврста база на основното учење.
„Премногу ученици го напуштаат училиштето без основните компетенции што им се потребни за да успеат. Немаат вештини во математика, способност да читаат, анализираат и да го разбираат материјалот – тие се основните темели за доживотно учење. Без овие вештини децата се мачат и немаат напредок. Стратегијата за образование треба да биде смела и да гледа кон иднината, да ги применува новите технологии и вештачката интелигенција, но мора да се даде приоритет на основното учење“, изјави Лесли Милер од УНИЦЕФ.
Во Македонија тешко е да се држиме до една стратегија и до крај да ја имплементираме. Поради честите избори и промена на власта, секој министер презентира нов план и визија за образовна стратегија, мислејќи дека ќе иде имплементирана од неговиот наследник – сценарио, кое досега не станало реалност.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
