Преглед на вестите од светот
Зохран Мамдани, демократски социјалист, ја освои трката за градоначалник на Њујорк.На 34 годишина возварст Мамдани влезе во историјата станувајки не само првиот муслимански градоначланик на Њујорк, туку и и најмладата личност избрана на функцијата во повеќе од еден век. На изборите излегле над 2 милиона луѓе, најмногу од 1969 година.
Донесовте мандат за промени, за нова политика- за град што можеме да си го дозволиме. Иднината е во наши раце. Мои пријатели, соборивме политичка династија.
Поранешниот гувернер на државата Њујорк, , демократот Ендру Куомо кој на изборите учестуваше како независен кандидат и кој беше поддрѓан од Доналд Трамо заврши на второто место, трет е републиканецот Кертис Слиуа.
Мамдани ја освои поддршката со планови за бесплатна грижа за деца, бесплатен јавен превоз ,попристапни цени во продавниците, замзрнување на кириите и прогресивно оданочување на најбогатите. Трамп пред изборите се закани дека ке ги намали федералните средста за Њујорк, ако Мамдани победи.
Десет лица се повредени, од кои четворица се во критична состојба, по утрнискиот инцидент кога маж со автомобил намерно влета во група граѓани на францускиот остров Олерон.. Возачот, чиј идентитет не е објавен, бил уапсен на местото на настанот. Сведоци изјавиле дека тој извикувал „Алаху Акбар“ и се обидел да го запали своето возило по нападот. инцидентот се истражува како можен терористички чин.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
