За 40 проценти намалено производството на електрична енергија на хидроенергетскито систем Црн Дрим
Климатските промени ,сушниот период, недостигот на дожд и снег за 40 проценти го намали производството на електрична енергија на хидроенергетскиот систем Црн Дрим .За заштита на Охридското езеро одржувањето на нивото во рамки на законски утврдениот минимум и максимум последните 6-7 години значително е намален капацитетот на хидроелектраните Глобочица и Шпиље .
Енергетскито систем е стабилен уверуваат од ЕСМ од каде очекуваат стабилизација на хидролошката состојба во земјава .
Во тек е изработка на проект за дигитализација на браната на истекот на реката Црн Дрим од Охридското Езеро, со поставување автоматска контрола на испустот и далечинско управување со нивото на вода, со што ќе се овозможи побрза регулација на истекот на водата, согласно еколошките стандарди.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
