Македонија
13. October 2025 - 12:14
Рибарски мрежи извадени од Охридското езеро
172 рибарски мрежи само на македонска страна извадени од водите на Охридското езеро. И понатаму доминираат напуштените мрежи духови за лов на пастрмка и белвица но тие се закана за целиот жив свет.
Оваа година, се извадени речиси 11 километри во вкупна должина , а во 2017 година повеќе од 12 километри мрежи.
Станува збор за континуиран проблем на кој се работи долги години но никако да се реши.
Нуркачите посочуваат дека вадењето на овие мрежи е тешко бидејќи најчесто се заплеткани околу карпите на скоро сите длабочини .
Со четвртата акција за отстранување на напуштените таканаречени „мрежи духови“ годинава беше опфатено и Преспанското Езеро, но поради заматеноста на водата таму биле извадени само две мрежи.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->