Loading Video...
Свет
7. October 2025 - 16:57

Преглед на вестите од светот

Во египетското одморалиште Шарм Ел Шеик, втор ден од разговорите помеѓу Израел и Хамас за планот на Трамп за запирање на војната во Појасот Газа. Во разговорите учестуваат и претставнци на Катар, Египет и на САД.

-Мислам дека наскоро ќе го имаме договор. Навистина мислам дека ќе имаме договор. Имаме навистина добри шанси да постигнеме договор и тоа ќе биде траен договор, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

На денешен ден, пред две години Хамас изврши напад врз Јужен Израел, што ја предизвика војната во појасот Газа. Палестинските милитанти нападнаа од копно, воздух и од море, а според изрелските податоци загинале 1200 израелци и странци, најголем дел цивили и 251 биле земени како заложници.

Хамас се уште држи 48 заложници, од кои 20 се живи.

-Две години се предолго, две години се предолго, многу сум лут и разочаран од нашата влада. Апсолутно е ужасно, апсолутно ужасно што таму сè уште има заложници две години подоцна.

Според здравствените власти во Газа, одмаздничката воена кампања на Израел досега убила над 67 000 палестинци. Во енклавата владее акутен глад а повеќе од 1, 9 милиони луѓе се внатрешни раселени.

-Денес е 7 октомври. Поминаа две години како живееме во страв, ужас, раселување и уништување. Живееме тежок живот, во горчина и беда. Се надеваме дека со овие нови прегооври ќе постигнеме прекин на огнот и конечно завршуавње на војната, изјави Мохамед Диб, раселен Палестинец.

Владата на САД останува затворена по пето неуспешно гласање во сенатот за усвојување на планот за државното финансирање. Илјадници федерални службеници веќе пет дена се на принуден одмор или работат без плата.

За да го поддржат планот на републиканците за државното финансисање, деморкатите бараат во него да се додаде продолжување на здраствените бенефиции за милиони Американци што треба да истечат на крајот од годината.

Републиканците инсистираат тоа прашање да се решева одделно. За да се усвои планот,  потребни се 60 од 100 гласа во Сенатот, што значи дека на републиканското мнозинство му е потребна поддршка од најмалку оссумина демократи. Претседателот Трамп ги предупреди демократите уште неуспешно гласање може да доведе до масовни отпуштања.

На 71-годишна возраст почина Халид Бешлиќ, легендарниот босански пејач на народна музика. Починал на одделението за онкологија на Клиничкиот центар во Сараево.  Својата популарност ја стекна во 1980-тите години, станувајќи едно од најпрепознатливите имиња на југословенската музичка сцена.

Во текот на повеќе од четири децении на музичката сцена, тој сними над 18 студиски албуми и повеќе од 200 композиции. Неговите песни, како „Мiljacka“, „Romanija“, „Prvi poljubac“ и „Neću, neću dijamante“, станаа евергрини и неизоставен дел од прославите низ целиот регион.

Халид Бешлиќ беше популарен и во Македонија. Последниот концерт за македонската публика го одржа во Скопје пред две години.