ЕУ го поддржува Планот на Трамп за Газа, но бара почитување на меѓународното право
ЕУ ги поддржува принципите од Планот за Газа на американскиот претседател Доналд Трамп за разоружување на Хамас, без негова улога во идното управување со Појасот, за елиминирање на каква било закана кон Израел и неговиот народ и дека Газа нема да биде окупирана и Палестинците нема да бидат раселени.
Ова се наведува во изјавата на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас во име на Европската Унија за американскиот План за Газа, при што се нагласува дека при неговото спроведување задолжително мора да се почитува меѓународното право, вклучително и меѓународното хуманитарно право.
– ЕУ ја поздравува посветеноста на претседателот Трамп за завршување на војната во Газа, што нуди излез од овој разорен конфликт, обезбедувајќи итно прекин на огнот и ослободување на сите преостанати заложници и гарантирајќи обезбедување целосна хуманитарна помош за Појасот Газа, со централна улога за ОН и нејзините агенции, како елементи што долго време претставуваат основни приоритети на ЕУ, се вели во изјавата.
Според Калас, овие заложби од Планот треба да го трасираат патот кон траен и одржлив мир и кон политичка перспектива за палестинска државност според решението за две држави и принципите одобрени од големо мнозинство земји-членки на ОН.
– Благодарение на својата доследна посветеност кон палестинскиот народ и поддршката за регионалната интеграција и реформираната палестинска управа, особено во пресрет на нејзиното враќање во Газа, ЕУ е подготвена да даде вреден придонес кон овој План преку различните алатки што и се на располагање. Подготвени сме да се ангажираме со регионалните партнери за заедничка работа на следните чекори, се додава во изјавата.
Калас натаму наведува дека ЕУ ја поздравува одлуката на Израел да го поддржи Планот и воедно го повикува Хамас да го стори истото, да ги ослободи сите преостанати заложници и да го положи оружјето.
– ЕУ ги повикува оние што имаат влијание врз Хамас да му ги пренесат овие пораки. Нема воено решение за овој конфликт. Ги повикуваме сите страни да ја искористат оваа можност и конструктивно да се ангажираат за веднаш да се стави крај на трагедијата во Газа и да започне процесот на градење подобра иднина за Израелците, Палестинците и за целиот регион, заклучува Калас во изјавата.
МИА
Ново на Сител
-
Најверојатно е Македонец загинатиот во експлозија во стан во Белград, подготвувал бомба за ликвидација на дилер на дрога
-
Поднесено обвинение против лице за демнење на неговата поранешна сопруга
-
Трамп со ултиматум до Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас
-
Маж во Ѓорче Петров ја тепал и давел својата партнерка која од повредите изгубила свест
-
Пет држави, еден тим: Кога продажбата не знае за граници, различностите создаваат резултати
-
Апел за донации за лекувањето на студентот Спасение Анчески во Загреб
-
Тепачка во Виница, едно лице завршило на Клиника во Скопје
-
Наставник физички нападнал ученик во Кисела Вода