Преглед на вестите од светот
Две лица се убиени а три се тешко повредени во нападот со автомобил и нов пред синагога во Манчестер, Велика Британија. Напаѓачот прво со автомобил удрил во група верници пред синагогата а потоа излегол од возило и почнал со нож да ги боде, пред да биде старелан од страна на полициски службеници.
Инцидентот се случи на Јом Кипур, најсветиот ден во еврејскиот верски календар. На тој ден голем број Евреи одат во синагоги. Премиерот Кир Стармер го осуди нападот и вели дека фактот што се случил на Јом Кипур, го прави уште поужасен.
Израелската морнарица пресретна 13 бродови од хуманитарната флотила за Појасот Газа и приведе десетици активисти, вклучивајки ја Грета Тунберг. Пресретнатите бродови биле во меѓународни води на околу 130 километри од брегот на Газа. Израел ја контролира оваа област, но нема надлежност таму.
Според организаторите, израелските сили ги опколиле пловилата, ги попречиле комуникациите и потоа се качиле на бродовите. Израелското министерство за надворшени работи соопшти дека бродовите ја игнорале наредбата на морнациаат да го променат курсот, бидејки се приближувале кон активна борбена зона. Флотилата е составена од над 40 цивилна бордови и околу 500 активисти од повеке до 44 земји.
Организаторите најавија дека останатите пловила ќе продолжат кон Газа за да ја достават хуманитраната помош, и покрај притисоците. Инцидентот предизвика остри меѓунордни реакции и протести во повеке земји.
Утрово, 807 основни и средни училишта низ Србија добија дојави за поставени бомби преку електронска пошта, што доведе до масовна евакуација на учениците и вработените и прекин на наставата.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека полицијата ги завршила сите контроли и проверки по добиените дојави за поставени експлозивни направи во училиштатата и констатирано е дека во сите случаи станува збор за лажни пријави. Сите мејлови биле напишани на српски јазик.
Српската полиција објави дека ќе контактира со партнери во странство во овој случај со цел да го идентификува испраќачот на овие закани.
Премиерот на Албанија во друштво на претседателите на Азербејџан и Франција се потсмеваше со гафовите на Трамп, кој во неколку јавни настапи рече дека го завршил воениот конфликт помеѓу Азербејџан и Албанија, која ја помеша со Ерменија. Рама во шегата го вклучи Макрон, велејќи дека не им честитал на Албанија и Азербејџан за постигнувањето мир.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар