Македонија
2. October 2025 - 18:24

Приведен кумановец, подолго време следел и вознемирувал 28-годишна девојка

Полициските службеници приведоа кумановец, баран по потерница за „демнење и вознемирување“ девојка, соопшти денеска СВР Куманово.

-Вчера во 12:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.К.(32) од Куманово. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба поради постоење сомнение за сторено кривично дело „демнење“ по член 144-а од Кривичниот законик, соопшти полицијата.

Тој подолго време следел и вознемирувал 28-годишна девојка од Куманово.

 

МИА