Македонија
2. August 2025 - 16:40

Охрид полн со гости за Илинден

Охрид за Илинден и годинава полн со туристи. Гости има од цел свет а најбројни се оние од Турција веднаш зад нив од Германија но и од нашето соседство.Раздвижано е низ чаршијата, кејот на  езерото и плажите. Тие се задоволни од разновидната понуда која ја нуди градот но и од услугата.

За илинденскиот викенд по традиција главниот туристички центар е исполнет до последно место. Распродадени се хотелските капацитети и приватното сместување во градот но и во туристичките населби и села.

Редовно за Илинденските празници посетеноста на Охрид значи и богата кутурно-забавна понуда, со содржини за сите вкусови и генерации. Покрај фестивалот „Охридско лето“, деновиве во Охрид има бројни музички фестивали и ноќни забави, па така голем е бројот и на млади  на охридското крајбрежје.