САД повторно испраќа оружје во Украина по еднонеделна пауза
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп ја продолжи испораката на одредени видови оружје за Украина, само една седмица по наредбата на Пентагон за привремено запирање на дел од испораките.
Според двајца неименувани функционери од Белата куќа, новата испорака вклучува 155-милиметарски муниции и прецизно наведувани ракети. Тие не прецизираа колку оружје е испратено ниту дали веќе е пристигнато на целта. Не е јасно дали оваа пратка претставува долгорочна промена на американската политика.
Прекинот на испораките, наредена од секретарот за одбрана Пит Хегсет, се должи на загриженоста за намалени резерви во американските армиски магацини. Мешутоа, според извештај на Ци-Ен-Ен за тоа не знаел ни Трамп.
Прекинот на испораките се однесуваше и на ракетите „Патриот“, чија судбина сè уште не е разјаснета. Се работи за муниција вредна околу четири милиони долари, која неодамна имаше клучна улога во одбраната на американската база во Катар за време на нападот од Иран, како одмазда за американски напад врз ирански нуклеарни објекти.
Трамп во понеделникот изјави дека САД ќе продолжат со испораката на одбранбено оружје за Украина. Тој избегна да одговори на прашањето кој наредил пауза, но рече: „Ќе знам ако се донесе одлука. Најверојатно, јас би ја дал таа наредба, но сè уште не сум го направил тоа“.
Трамп, наводно, лично изразил незадоволство за тоа што прекинот бил лошо координиран со Белата куќа. Пентагон, пак, негира дека Хегсет делувал без претходна консултација со претседателот.
Од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, САД ѝ испратија на Украина воена помош вредна повеќе од 67 милијарди долари.
Ново на Сител
-
Почнува новата учебна 2025/2026 година
-
Завршува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за Локалните избори
-
Вучиќ: Најголемата вредност на Србија е нејзиниот народ и затоа мора да разговараме
-
Без струја дел од корисниците на ул. „Иван Манолев“ во Бутел и ул. „Тодор Чангов“ во Аеродром
-
Путин: Обидите на Западот да ја внесе Украина во НАТО се причина за „украинската криза“
-
Најмалку 250 загинати и над 500 повредени во силен земјотрес во Авганистан
-
Во Нови Сад се одбележуваат 10 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица
-
Сончево со умерена облачност