Македонија
25. јуни 2025 - 16:34

Се следи состојбата со цените на пазарот

Државниот Пазарен инспекторат прави анализи на цените.Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески вели дека нема некои големи пореметувања со цените на пазарот,се следи состојбата за наредната недела закажан е состонок на кој ќе се утврдува дали ќе бидат преземени мерки додавајќи дека има мало зголемување на одредени цени но има и намалување на сезонското овошје и зеленчук.

Во однос на зголемените цени во угостителските објекти каде како пример беше посочен Охрид како туристички центар каде кафе чини и до 180 денари Ристески со апел до туристичките работници дека високите цени ги одвраќаат туристите.

Ристески најави дека доколку има поплаки од граѓаните и туристите за високи цени ќе следат контроли.

Во изминатиот период од една година, владата во два наврати направи ограничување на цените со регулирање на маржата. Последната мерка траеше од февруари до крајот на април.