Македонија
5. јуни 2025 - 16:42

Одобрено е обвинението за случајот „Онкологија“, судењето дополнително ќе биде закажано

Поранешниот прв човек на Онкологија, Нино Васев, ќе седне на обвинителна клупа.. Кривичниот суд во целост го одобрил обвинението против Васев, во кое тој со уште тројца доктори ќе одговараат за несовесно лекување и тешки дела против здравјето на луѓето.. 

Предметот со сите докази обезбедени од обвинителството е веќе формиран во судот, и како што велат од таму, прво електронски ќе биде распореден кај судија, а потоа ќе биде одреден и датумот за првото судско рочиште.. 

На Васев и тројцата доктори ќе им се суди бидејќи во периодот од 2018 до 2022 година лекувале онколошки пациенти со погрешна терапија која дополнително го влошила нивното здравје..

„Со медицински вештачења е утврдено дека кај 29 пациенти, првообвинетиот применил очигледно неподобен начин на лекување и спротивно на тековните онколошки упатства, со отстапување во дозирањето и во фазата на лекување, давал лекови од новите генерации на таргет и имунотерапија со што тешко го нарушил здравјето на пациентите“, се вели во обвинението против Васев.. 

Обвинителство го гони Васев и за проневера во службата.. Заедно со организацискиот директор, Нехат Нухи, наместо за пациентите, дел од терапијата ја присвојувале за себе, па државниот буџет го оштетиле за сума од 35 милиони евра..

Од кривичен, велат дека оценувањето на ова обвинение се уште трае и судот дополнително ќе информира дали ќе го прифати предметот кој на иста обвинителна клупа треба да ги седне двајцата поранешни директори на онкологија..  

Васев и Нухи во моментов се во домашен притвор.. Обвинителството бараше да одат во истражниот затвор во Шутка, но кривичен го одби предлогот, па после сослушување во судот, со полиција беа спроведени до своите домови..