Македонија
11. May 2025 - 16:27
Охриѓани се хумани, помагаат на сограѓаните во социјален ризик
Над 1000 волонтери на Црвениот крст од Охрид секојденвно помагаат во најразлични ситуации. Граѓаните од социјален ризик најчесто имаат потреба од прехрамбени производи, лекови, здравствени услуги а бараат помош и за неплатени сметки.
Иако охриѓани се хумани сепак постои потреба од постојано подигање и мобилизирање на јавната свест на повисоко ниво.
Од особена важност е соработката помеѓу локалната и Црвениот крст во насока на развој на хуманоста.
Бројот на социјално загрозени лица постојано се зголемува. Во текот на една година волонтерите опслужуваат преку 600 социјално загрозени семејства во Охрид.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->