Македонија
8. May 2025 - 12:17

Годинава само половина од планираните површини ќе се посеат под ориз

Започна сезоната за наводбнување на оризовите полиња во кочанско. Меѓутоа, поради не доволните количини на вода во брана „Калиманци“, годинава под ориз ќе бидат засадени само половина од површините. Остатокот ќе се наводни во случај да с еподобри хидроложката состојба во браната. 

- Површините ни се намалени на 50%, скоро на 50 %. Сега се предвидени 2500 хектари за прво наводнување. Со министерот се договоривме да се зголемуваат површните под наводнување како ќе се зголемува количната на вода во „Калиманци“, изјави  Тони Максимов, оризопроизводител од Облешево

На стартот на сеидбата, водата од хидросистемот е пуштена само низ реките. 

- Прифатена е од страна на оризопроизводителите онаму каде што е подготвена површината. Во главно, 90 % површините се подготвени, но, моментално водата е пуштена само во речните корита, додека за во системот од каналетки ќе се почека уште неколку дена, 2-3 денови најмалку ќе почека, даде Максимов

На почетокот ќе се оди со сеидба на крупни сорти на ориз, кои се интересни за трговците и имаат висок рандаман.

- Рокот за сеидба е скоро пробиен, но одиме на ризик и се надеваме дека есента ќе биде добра за оризот, па затоа ќе одиме со крупните сорти кои ги бара и пазарот и откупувачите, изјави Максимов

Пред 2 дена оризарите излегоа на протест со блокада на едната коловозна лента на регионалниот пат Штип-Кочани и побараа корекција на предлог-планот за наводнување на територијата на општина Чешиново-Облешево, корекција во исплатата на субвенцијата од 6 денари за килограм, при што тоа да биде за целата предадена арпа, а не за 800 килограми по пријавена површина и што е можно побргу да се започне со откупот за стоковите резерви.