Обука за медицински персонал од штипска физикална за третман на повредините во пожарот во Кочани
Двајца физиотерапевти, две медицински сестри и лекар специјалист физијатар од Физикална терапија при штипска Клиничка се на обука за третман на пациентите кои се повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а кои се враќаат од европските клиники каде што беа хоспитализирани, информираше првиот човек на болницата д-р Влатко Захариев.
- Обуката трае веќе 10-тина дена и работат пацијално со пациентите кои се препраќаат од Клиниката за пластична хирургија од Скопје во болницата во Кочани, изјави Влатко Захариев, директор на КБ-Штип
Во штипска Клиничка нема хоспитализирани од трагедијата, но во дневна болница има двајца пациенти. Од вчера започна и реновирањето и адаптацијата на модуларната болница во која ќе се сместат 15 специјалистички амбуланти за прегледи преку „Мој термин“.
- Ќе има и една просторија за мали интервенции, земање на крв и евентуално ЕХО. Проектот до сега според договорот за реконструкција чини околу 600 000 денари, додаде Захариев
Клиничка болница и кадровски ќе се до екипира. Заврши огласот за вработување на 19 специјализанти и во моментот, согласно Законот, се чека да се одреди термин за тестирање.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар