Преглед на вестите од светот
Новинарите во Грција од пет часот утрово започнаа 24-часовен штрајк што е трет во изминатите три месеци, а земјата денеска ќе биде без вести и информативни емисии, јави дописничката на МИА од Атина. Главното барање на медиумските работници е потпишување на колективни договори во сите медиумски сектори, односно телевизии, весници, списанија, интернет, радија. Заклучно со утре наутро телевизиите нема да се емитуваат вести и информативни емисии, а учествуваат и голем дел од информативните портали.
Освен колективни договори, вработените во медиумите бараат и: почетна плата од 1.250 евра во сите медиуми; зголемување на платите за 10 отсто врз основа на последните колективни договори за работа; загарантирана плата за работа за време на викендите (плус 25 отсто и слободен ден за сабота и плус 100 проценти во недела); зголемување на надоместокот за испраќање на терен вон градот каде што се наоѓаат; дневници од 350 евра за испраќање во воени зони и 250 евра во подрачја погодени од елементарни непогоди.
Новинарите одржаа 24-часовни штрајкови на 18 февруари и на 11 март годинава.
За утре, двата најголеми грчки синдикати, на вработените во државниот и во приватниот сектор закажаа генерален штрајк што се очекува да ја парализира Грција.
Европската унија сè уште е подготвена да преговара со американската администрација за огромните увозни тарифи објавени минатата недела од претседателот Доналд Трамп, потврди претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, додавајќи дека и Брисел е подготвен да преземе контра мерки. Таа рече дека ЕУ ќе се заштити од индиректни ефекти преку пренасочување на трговијата и ќе формира работна група за надзор на увозот.
Трамп, го отфрли предлогот на ЕУ за укинување на меѓусебните царини за индустриски стоки. Наместо тоа, американскиот претседател предложи земјите од ЕУ да увезуваат значително повеќе енергија од САД. Тој ја повтори и својата критика за она што, според него, се нефер трговски односи меѓу САД и земјите од ЕУ. „
Во шумата во близина на линијата на фронтот кај Доњецк, украинските сили се подготвуваат да го пробаат едно од најновите оружја на Украина, првото артилериско оружје од украинско производство, произведено во калибар од 155 мм според стандард на НАТО. Развиена и произведена во Украина, Bodana е способна да погодува цели до 42 километри. Дизајнот овозможува брзо распоредување и брзо повлекување, што е од суштинско значење за модерните тактики „стрелајте и бегајте“. Бодана првпат беше распоредена во борба во текот на летото 2022 година, гаѓајќи ги руските позиции на Змискиот остров во Црното Море. Оттогаш се произведуваат околу дваесет парчиња месечно. „Бодана“ претставува значајно достигнување во способноста на Украина да развие домашно производство на оружје во услови на неизвесност за испораките од странство.
-
Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар