Во штипска Клиничка ќе се вработат 19 специјализанти
Штипска Клиничка болница ќе распише оглас за вработување на 19 специјализанти. Пред 10 денови од Министрството за здравство добија зелено светло за вработување на стручен кадар скоро во сител медицински области.
- Минатиот петок добивме согласност за распишување на оглас за вработување на неопределено време на специјализанти. Добивме согласност за 19 лекари за специјализација. Специјалности горе-долу ги има скоро сите, значи две анестезија, две гинекологија, три рендгенологија, педијатрија, како и други специјалности. , изјави д-р Влатко Захариев, директор на КБ- Штип
Новите вработување, според Захариев, релативно ќе ги задоволат потребите од стручни лица во штипска клиничка. Меѓутоа, потребата од среден и помошен медицински кадар се уште останува актуелен проблем на болницата.
- Приоритетни следни вработувања, поради голем дефицит што го имаме во болницата е на средниот персонал. Имаме голем недостаток од медицински сестри, болничари и хигиеничари, додаде Захариев
Вкупниот број на вработени во Клиничка болница е 420, но тој е варијабилен, поради заминување во пензија, но и одлив на медицински кадар во приватниот сектор и во странство. Затоа се потребни конктинуирани вработувања во сите одделенија, за да се задоволат потребите на пациентите од источниот регион.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар