Македонија
24. December 2024 - 16:55

Христовски ги исполнил условите

Антикорупциската комисија не најде ништо спорно во именувањето на Бојан Христовски за прв човек на Агенцијата за национална безбедност. Го проверувале неговото образование, работно искуство, потребни сертификати и дали е член на политичка партија.

За неговото членство во партијата ВМРО-ДПМНЕ, Антикорупциска контатираше дека во моментот на именувањето тој не бил член ниту на партијата, ниту на нејзините органи. За тоа како доказ ја прифатиле неговата изјава која доставил до Владата. Но тоа што Христовски на социјалните мрежи ја промовирал партијата непосредно пред назначувањето не е материјален доказ.

-Согласно надлежностите на ДКСК апросултно таквата доставена изјава согласно законот е автентичен доказ дека истиот не е член на политичка партија. Ова што наведувате дека по медиумите се претставки морам да прецизирам, не само за овој услов, за сите услови, ДКСК исполнувањето не само на ова лице на условите за назначување на функција, за сите останати, одлуките ги темели на база на доставени докази. Во однос на било какви инцидии по допрен глас од медиумите отвораме засебни предмети.

За обвинувањата за лажиран ТОЕФЕЛ сертификат во Бугарија, Антикорупциската констатираше дека документот кој го приложил Христовски е валиден, но не може да испита дали е веродостоен. Тоа, според членот на Антикорупциската комисија, Цвета Ристовска, е надлежност на Обвинителството.

-ДКСК може да иницира постапка кај соодветни органи, но нема право и надлежност да спроведува технички проверки или вештачења. Имајќи го предвид наведеното, ДКСК констатира дека доставениот сертификат формално-правно ги исполнува условите за јазична компетенција.

Од Јавното обвинителство велат дека ја добиле документацијата за ТОЕФЕЛ сертификатот на Христовски, но се уште и помош од Бугарија, државата во која Христовски наводно положил испит за познавање англиски јазик.

-Јавниот обвинител ја прибави документацијата од надлежните органи поврана со конкретниот настан. До Република Бугарија е упатено барање за меѓународна правна помош. Се преземаат и други дејствија на проверки, велат од ОЈО.

По барање на ДКСК, Државниот просветен инспекторат влегол и во приватниот Унверзитет каде дипломирал Христовски, но утврдил дека нема неправилност во работењето на Универзитетот, односно приложените уверенија и дипломи се издадени согласно законските прописи.

Христовски, според Антикорупциска, ги исполнува условите за работното искуство кои се предвидени во законот, односно минимум 12 години искуство од кои пет на раководни функции. Таков доказ добиле од Владата.

Опозицијата бурно реагираше за именувањето на Христовски уште кога ја презеде функцијата, тврдејќи дека тој не ги исполнува условите за да ја предводи Агенцијата за национална безбедност.