Преглед на вестите од светот
Aмериканскиот претседател Џо Бајден синоќа во Белата куќа се сретна со израелскиот претседател Исак Херцог. Двајцата лидери се осврнаа на конфликтот со Либан, хуманитарната ситуација во Газа и заложниците кои сè уште ги држи Хамас. Средбата, Херцог ја нарече „многу продуктивна“, траеше околу еден час. Херцог изрази жалење поради смртта на двајца Израелци кои загинаа во израелскиот град Нахарија од ракети истрелани од Либан и го опиша Иран како „империја на злото“.
„Прво и основно мораме да ги вратиме заложниците“, рече Херцог.
Трамп, кој се очекува да го именува американскиот сенатор Марко Рубио за негов државен секретар, според извори, се очекува да понуди силна поддршка на Израел и во неговите конфликти против Хамас и Хезболах кога ќе ја преземе функцијата во јануари.
Доналд Трамп го назначи Елон Маск во неговата администрација и направи неконвенционален избор за секретар за одбрана. Маск и поранешниот републикански претседателски кандидат Вивек Рамасвами ќе го предводат новосоздаденото Министерство за ефикасност на владата, а водителот на Фокс Њуз Пит Хегсет е номиниран за министер за одбрана.
Голема експлозија утрово имаше во јужните предградија на Бејрут. Бројката на жртви во главниот град на Либан од израелските напади постојано расте и надмина 3.000 луѓе во Либан најголемиот дел во последните шест недели. Две лица беа убиени во северен Израел, откако зграда беше погодена за време на ракетен напад. Израелската армија соопшти дека пресретнала 10 ракети проектили од Либан. Хезболах подоцна ја презеде одговорноста за нападот со беспилотно летало во вторникот, за кој рече дека бил насочен кон воена база, источно од Нахарија. Сирените се огласија и во централниот дел на Израел и во Тел Авив, а проектилите беа пресретнати на небото.
Претставници од повеќе земји во вторникот го осудија Израел за хуманитарните катастрофи кои се резултат на неговите воени дејствија во Појасот Газа на отворениот состанок одржан од Советот за безбедност на Обединетите нации за безбедноста на храната во Газа.
ОН известија дека хуманитарниот пристап до Газа е најнизок во историјата, особено во северниот дел на Газа, каде што се наѕира тежок глад. Руски претставник изјави дека американска заштита на Израел доведе до сегашната катастрофална ситуација. Десетте непостојани членки на Советот за безбедност предложија нацрт-резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа. Кина и Русија ја изразија својата поддршка за овој нацрт и побараа брзо гласање.
-
Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар