Први пратенички прашања за Мицкоски, Филипче му побара оставка
‘Рбетот ви се свитка за уставнотот име, принципите ви пропаднаа, повлечете се од премирската функција. Вака лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче се обиде да го предизвика премиерот Мицкоски на првите пратенички прашања. Мицкоски вели: избори може, но да не се покаете.
Евроинтеграциите во фокусот на прашањата на интегративците на Ахмети.
Премиерот доби прашања и за неговата кадровска политика: наводно лажниот сертификат за англиски јазик на директорот на АНБ и бугарското државјанство на министерката за енергетика.
Мицкоски врати и на барањата за ветинг во судството коментирајќи дека партијата на Ахмети се обидува да изнуди притисок врз Уставниот суд, а ги повтори и најавите за реформи во судскиот и обвинителскиот совет каде ДУИ имала најголемо влијание.
Опозициските пратеници ќе имаат можност да бараат одговори од владините функцинери веќе за две недели, на 12 ноември. Се работи за редовна седница, во која првите два часа, според новиот Деловник, ќе бидат посветени на пратенички прашања само од опозицијата.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар