Loading Video...
Свет
22. October 2024 - 19:56

Преглед на вестите од светот

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен е во 11-та посета на Блискиот Исток од почетокот на војната помеѓу Израел и Хамас. Посетата на Блинкен е со цел да се стави крај на огнот и насилствата што го запалија регионот.  Прва станица е Израел а потоа ќе замине во Јордан и Катар.Кратко пред Блинкен да присгитне во Тел Авив, се огласија сирените за воздушен напад. Либанската милитанта група Хезболах изврши ракетен напад врз база на израелската разузнавачка служба во предградие на Тел Авив. Нападот бил насочен кон базата Глиот, која е дел од воената разузнавачка служба 8200. Израелската страна засега не потврди дали во нападот има жртви или дали е причинета материјална штета.  Претхоно Изарелската армија нападна една од најголемите државни болница во Бејрут, тврдејки дека Хаезболах чувал неколку милијарди долари во готовина и злато под објектот. Според либанското министерството за здратвсво во нападот загинале 13 лица, и го обвини Израел дека неговата агресија нема црвена линија. Израелската армија продолжува и со интенвизните воздушни напади  врз цели на Хамас во северна Газа.

Во рускиот град Казан вечерва ќе почне тридневниот самит на БРИКС. Рускиот претседател Владимир Путин ќе биде домаќин на над 20 шефови на држави и влади, меѓу кои и кинескиот претседател Си Џинпинг, индискиот премиер Нарендра Моди, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и иранскиот  претседател  Масуд Пезешкијан.  Една од главните теми  на самитот ке биде  создавање на нов систем за плаќање, што би можело да биде ривал на СВИФТ ситемот.  Самитот е првиот што се одржува по проширувањето на БРИКС во јануари кога во групата беа вклучени Иран, Египет, Етиопија, и Обединетите Арапски Емирати. Претходно блокот го сочинуваа  Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка. Интерес за членство во Брикс изразија  и Турција и Саудиска Арабија. БРИКС игра значајна улога во глобалната економија, таа улога ќе расте. Вкупниот БДП на БРИКС  е повеќе од 60 трилиони долари, а вкупниот удел во светскиот бруто-производ сигурно ја надминува бројката на  „Група  седум“ и продолжува да расте“,истакна Путин пред почетокто на самитот .Ова е најголемиот меѓународен состанок во Русија, откако почна војната во Украина. Спред аналитичари, со самитот,Кремљ има намера да покаже на светот дека не е изолиран ,но и да ја демонстрира својата способност да создаде нови сојузи, и покрај западната изолација.  На самитот ќе присуствува и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, што пак е негово прво патување во Русија од почетокот на конфликтот.